МГ АУТО ИНСПЕКТ доо, со седиште на улица Скопски Пат бр.7, на самиот влез во Тетово, во комплексот на Опел АУТО ЦЕМ, формирана е на 29.10.2015 година, со официјалното запишување во Централниот Регистар. Набрзо потоа, следната година регистрирано е инспекциско место и во Скопје, почетно во СТП Кораб Ауто Контрол, а подоцна релоцирано во СТП Здружение на возачи на град Скопје, во населбата Кисела Вода.

 

Во почетокот опсегот на инспекција беше во помал обем, за денес да имаме широк спектар на услуги во делот на инспекцијата на возила. Секое возило за нас претставува посебна приказна и му се пристапува со должно внимание и стручна анализа. Во 2022 година навлегуваме во областа на Безбедност и Здравје при Работа (БЗР) и кон крајот на годината се здобиваме со овластување од Министерството за Труд и Социјална Политика (МТСП) за вршење на стручни работи од областа на Безбедноста при Работа.

 

За сето ова е заслужен нашиот тим составен од 10 вработени со висока стручна подготовка и еден Магистер на технички науки. Тимот континуирано се надоградува, дообучува и зголемува. Од почетните тројца вработени, денес сме компанија со двоцифрен број на вработени. Економските турбуленции во државата, како и во светски рамки се голем предизвик, но нашиот тим е борбен и се фаќа во костец со овие предизвици, со уште по посветена работа, професионалност и пред се колегијалност и човечност. Секој што се гледа како нов член во нашиот тим, го охрабруваме да контактира со нас и заеднички да создадеме услови за нови вработувања и понатамошен развој на нашата компанија. 

 

За 2023 година покренуваме иницијатива за формирање на Комора за Технички Квалитет (КТК), со поддршка од Институтот за Акредитација и од Државниот Инспекторат за Техничка Инспекција. Комората треба да има членки, правни лица, кои во своето работење употребуваат разновидна техничка опрема, произведуваат или продаваат техничка опрема, даваат услуги во делот на одржувањето или на сервисирањето на техничката опрема и правните лица што вршат инспектирање или сертифицирање на таа опрема. Комората треба да се стреми кон остварување на следниве основни цели:

                - евидентирање на техничката опрема

                - обуки за користење на опремата

                - обуки за одржување и сервисирање на опремата

                - обуки за инспектирање и сертифицирање на опремата

                - промовирање на стандарди во работењето со техничка опрема

                - промовирање на сертификација на опремата произведена во Р.С.М.

                - следење и синхронизирање со европските прописи за техничка опрема

                - размена на искуства и соработка со слични организации од странство

                - деловно поврзување на производителите и корисниците на техничката опрема

                - работилници, семинари и конгреси за размена на искуства и нови технологии

                - работни групи за следење на законската регулатива и давање на предлог измени

                - стимулирање и стипендирање на младите за создавање на нов инженерски кадар

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ! Да чекориме заедно по патот што води кон врвен технички квалитет! 

 

Ви благодариме што одвоивте дел од вашето време за да се запознаете со МГ АУТО ИНСПЕКТ!